Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКИ НАПАДИ ВРЗ ЛВОВ, 32 ДЕНА ВОЈНА: Вашингтон и Кремљ разменија остри пораки

ТЕШКИ НАПАДИ ВРЗ ЛВОВ, 32 ДЕНА ВОЈНА: Вашингтон и Кремљ разменија остри пораки

Руската инвазија на Украина влезе во својот 32 ден. Од вчера градот Лвов на западот на земјата трпи особено тешки напади. Четири ракети го погодија градот и тоа е најжестокиот напад врз градот од почетокот на руската инвазија, соопштија локалните власти. Градоначалникот Максим Козицкиј изјави дека во бомбашкиот напад се повредени пет лица. Две ракети погодија складиште за гориво, а уште две погодиле воена фабрика.

И ситуацијата во Мариупол се уште е тешка, рече градоначалникот, а луѓето умираат од глад и дехидрација.

Украинските министри Дмитро Кулеба и Олексеј Резников вчера во Полска се сретнаа со американскиот претседател Џо Бајден, кој од Варшава рече: „стоиме покрај Украина“, но испрати и остро предупредување до рускиот претседател Владимир Путин да не се осуди да стапне ни педа од територијата на НАТО, но и порака дека повеќе не може да остане на власт.

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, веднаш реагираше на ваквата изјава нагласувајќи дека „Тоа може да се случи. Тоа може да биде само избор на народот на Руската Федерација“, изјави Песков.


Слично

Поврзани вести