Тешки денови за Франција, Фич го намали кредитниот рејтинг на државата
Фич го намали кредитниот рејтинг на Франција. Реномираната агенцијата одлучи претходно највисокиот кредитен рејтинг „ААА“ да го намали на „АА“, со што им се придружи на останатите агенции кои го сторија тоа.
Сепак Фич на земјата и додели стабилна перспектива и нагласи дека не очекува понатамошен пад на рејтингот во рок од две години.Како што стои во соопштението, Агенцијата оваа одлука ја донела поради неизвесноста во врска со економскиот раст на Франција како и малиот простор за менаврирање на Владата во однос на можностите за консолидацијата на државниот буџет.
Како голем проблем во Франција исто така се посочуваат невработеноста и јавниот дефицит. Невработеноста во Франција во првиот квартал достигна 10,8 отсто што е највисока стапка од 1998 година.
Претходно и Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за економскиот раст на Франција за 2013 и 2014 година, наведувајќи дека ќе биде тешко да се промени трендот на раст на невработеноста до крајот на годината.
ММФ посочи дека францускиот бруто домашен производ (БДП) оваа година ќе биде намален за 0,2 проценти, додека следната година ќе се зголеми за 0,8 проценти. Според претходната прогноза падот на БДП беше проектиран на 0,1 проценти во 2013 година и раст од 0,9 проценти во 2014 година.
Слично
