Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ГЕРМАНИЈА - автобус се преврте, пет лица загина

Најмалку пет лица загинаа, а многу се повредени во автобуска несреќа на автопатот А9 во близина на градот Лајпциг во источна Германија. Има и потешко повредени.

Автобус на познатата компанија „Flixbus“ се излизгал од автопатот на десната страна на прометниот автопат А9 пред да се преврти на страна. 

Автобусот утрово во 8 часот тргнал од Берлин за Цирих. Несреќата се случила околу 9:45 часот.



– Во несреќата загинаа пет лица – потврди за германски БИЛД полицискиот портпарол Олаф Хоуп, додека идентитетот на жртвите не е откриен.

Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се наоѓаат полиција и истражители, како и екипи на итната помош.

Спасувачите соопштија дека над местото на несреќата дежураат пет хеликоптери.

Во автобусот се превезувале 53 лица, и несреќата се случи на прометен автопат. Причината за несреќата се уште не е позната.



Ова не е прва несреќа на „Flixbus“ на оваа делница од автопатот.

Во мај 2019 година, слична несреќа се случи само околу 15 километри јужно на А9. Една жена тогаш беше убиена, а повеќе од 70 луѓе беа повредени, од кои некои потешко, пишува БИЛД.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести