Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА: едно лице загина при судар на повеќе возила, затворени патишта

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА: едно лице загина при судар на повеќе возила, затворени патишта

Едно лице загина денеска, а 17 се повредени во судир на повеќе возила на автопатот меѓу италијанските градови Падова и Венеција.

Поради несреќата автопатот бил затворен до 16 часот, а коловозните ленти постепено се отвораат, пренесува весникот „Кориере дел Венето“.

Во судирот учествувале осум возила, а точната причина за несреќата допрва ќе се утврдува. Патот за Трст е отворен, додека патот кон Милано е делумно блокиран, а колоните возила достигнаа и до десет километри .


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести