Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: Воз се судрил со автомобил-загинале жена и две деца, немало спуштена рампа?

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: Воз се судрил со автомобил-загинале жена и две деца, немало спуштена рампа?

Во страшната несреќа на лице место загинале жена (27) и четиригодишно дете, а подоцна починало уште едно четиригодишно дете од автомобилот. Во несреќата е повреден и еден маж.

Денеска околу 9 часот и 30 минути патнички воз удрил во патнички автомобил на железничко-патниот премин во градот Болфан на релација Копривница-Вараждин, Хрватска. 

Во страшната несреќа на лице место загинале жена (27) и четиригодишно дете, а подоцна починало уште едно четиригодишно дете од автомобилот. Во несреќата е повреден и еден маж.


Директорот на болницата Мате Девчиќ изјави дека при транспортот во болница бил направен обид да се спаси четиригодишното девојче со реанимација. Обидот за нејзино оживување продолжил во просториите на болницата, но и покрај напорите на лекарите таа починала во 10 часот и 30 минути, рече Девчиќ и додаде дека девојчето е единственото лице кое било донесено во таа болница од Болфан.

Локалните медиуми јавуваат дека мајката, нејзината ќерка и едно дете кое е во роднинска врска со нив починале, а нејзиниот сопруг е во болница.

Железничкиот сообраќај е во прекин. Патничкиот воз сообраќал на линијата Копривница - Вараждин. Ќе следи истрага во која полицијата ќе ги утврди сите околности на оваа страшна несреќа.


ФОТО: ТВИТЕР

Слично

Поврзани вести