Тешка казна за Епл: Ќе плати 300 милиони долари за прекршување на патенти
Судот во Тексас ја задолжи Епл да плати 302,4 милиони долари на компанијата „ВирнетЕкс“ за нелегалното користење на нејзини технологии. Епл ги прекршила правата на два патенти во сопственост на „ВирнетЕкс“, пренесува Блумберг.
Едниот од нив се однесува на технологијата, коja се користи во апликацијата за видео-повици „ФејсТајм“, вториот - системот за индивидуална испорака на видео содржини преку мрежата од мултимедијален сервер, т.н. ВоД.
„ВирнетЕкс“ постојано поднесуваат тужби против Епл. Во 2012 година судот ги призна нивните претензии за оправдани: Епл мораше да плати над 368 милиони долари, но Апелациониот суд подоцна ја поништи таа одлука.
„ВирнетЕкс“ се занимава со лиценцирање на интелектуална сопственост и поседува големо портфолио со патенти на различни технологии. Нејзината централа е сместена во државата Невада.
Компанијата и претходно водела тешки дела со големи технолошки гиганти како Мајкрософт и Циско. На пример, компанијата на Бил Гејтс мораше да и плати на „ВирнетЕкс“ 200 милионидолари поради кршење на патентот на технологијата што се користи во Скајп.
