Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тешка есен ја чека Европа, еве зошто…

Тешка есен ја чека Европа, еве зошто…

Европа е пред почетокот на бурна  политичка сезона, со повеќе проблеми на куп, од кога и да било во последните години, вели Симеон Џанков, директор на Групата за финансиски пазари на Лондонската школа за економија и политички науки, и поранешен вицепремиер на Бугарија.

Кризата во еврозоната создаде потешкотии во периодот од 2009 до 2013 година, но тие доаѓаа на бранови: Ирска (2009), Грција (2010), Португалија (2011), Шпанија (2012) и Кипар (2013). Миграциската криза од 2014 и 2015 година беше дополнителен тест за подготвеноста на европските институции. Но, есента 2016 година пристигнува со три клучни предизвици: последиците од гласањето за Брегзит, тензиите со Турција за миграцискиот проток  и неспособноста на Брисел да се справи со кризи.

Во Шпанија за осум месеци пропаднаа неколку обиди за формирање влада, а има и вознемиреност  околу претстојните претседателски избори во Франција, каде Марин Ле Пен од екстремнодесничарскиот Национален фронт води според рејтинзите.

„Да почнеме со гласовите за Брегзит. Засега Европа се справи ужасно. Прво Жан-Клод Јункер ги обвини британските лидери дека  го „напуштаат бродот" и така предизвика гнев од двете страни на Ла Манш. Јункер инсистираше за брзо активирање на член 50: официјалниот старт на разводот. Брегзит предизвикува неодговорени прашања. Засега знаеме дека ќе трае долго. Знаеме дека новата британска влада ангажира чиновници за клучни институции кои ќе ги водат преговорите“ - вели Џанков.

Да ја измериме миграциската закана: бегалците во Турција се околу два пати повеќе од оние кои влегоа во Европа во 2015 година, вели тој.  Џанков прогнозира дека ќе се зголемуваат нивните обиди за преминување преку Бугарија и Србија - во текот на студените месеци, а коридорите по копно се побезбедни од оние по море. Веројатно со Турција е можно да има друг договор, инаку Ердоган може да си поигра со европските лидери, смета тој.

Слично

Поврзани вести