Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРОТ ПРОДОЛЖУВА: На младите во Брисел им стигаат пораки со повик за џихад!

ТЕРОРОТ ПРОДОЛЖУВА: На младите во Брисел им стигаат пораки со повик за џихад!

„Браќа мои, зошто не и се придружите на борбата против Западњаците? Направете добар избор во својот живот“ и слични пораки им стигнале минатиот викенд на голем број млади лица во Моленбек, леглото на тероризмот во Брисел, пишува британски Гардијан.

На испраќачите на пораки не можело да им се влезе во траг поради тоа што пораките ги испраќале од припејд СИМ картички, но се претпоставува дека е Исламска држава.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/MailOnline/status/714795229581324288?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Не се знае како испраќачите дошле до броевите на телефоните на кои се праќани пораките, но можно е некои од нив да преземаат цел именик од новорегрутирани членови и бираат броеви на млади со северноафричко потекло, наведува лондонскиот дневник. Пораките се испратени бидејќи на Фејсбук се појави видео-игра која во меѓувреме е укината, а на која се прикажани малди од тој крај како ги слават нападите во Брисел, во кои минатата недела беа убиени 32 лица.

Терористите на Исламска држава, кои врбуваат млади служејќи се со пропагандам играат на картата на стравот после нападите во европската престолнина, кои им одат од рака кога се работи за регрутирање, оценува париски Фигаро.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ikazban/status/714599771021910017?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Бриселскиот пратеник Џамал Иказбан крана паника на Твитер, барајаќи од федералната полиција и министрите за внатрешни работи Јан Јамбол да го „неутрализираат дејството на оние кои врбуваат“ и тоа брзо, како што порано би се пробудила надежта меѓу младите во Моленбек. Да се придружиш на Исламска држава значи да извршиш самоубиство, предупредува Иказбан.

„Младите се очајни, што го олеснува нивното индоктинирање“; објаснува тој. Бриселскиот пратеник во изјава за Гардијан ги споредил припадниците на Исламска држава кои регрутираат млади со продавачите на дрога во околината на училиштата.

„Нив треба да ги протераме од нашите улици. Тоа се предатори, а нашите млади се нивни жртви“, истакнал тој. Неговиот став го дели и имамот на џамијата Арафат во Моленбек Јамал Зариј, кој како илустрација го дава примерот „канцер во метастаза“.

„Тоа се шири исклучително брзо. Мора брзо да воспоставиме имун систем и да ги заштитиме во нашата заедница а тие дефинитивно да ја отфрлат ИД“, заклучил имамот.

Слично

Поврзани вести