Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тероризмот во светот го достигнува највисокото ниво во историјата

Тероризмот во светот го достигнува највисокото ниво во историјата

Тероризмотво светот се зголемил за 286% само од 2008 до крајот на 2015 година и во моментов го достигнува највисокото ниво во историјата.

Во 2008 година смртните случаи како последица на терористички напади биле 8466, а во последната година - 32 715.

Бројот на загинатите во воени дејствија се зголемил приближно пет пати - од 19 601 на 101 406. Бројот на убиените во борбени дејствија најмногу пораснал за последните 25 години, а бројот на бегалците е на нивоа невидени од 60 години.

Нивото на внатрешен мир и безбедност на општеството се намалува во секоја од последните осум години, покажува овогодинешниот Индекс на мирот, објавен неодамна од Институтот за економија и мир.

Десеттото издание опфаќа 163 држави. Според податоците во 2015 година бегалците и луѓето кои мигрирале во земји, се 57 милиони.

Во 9 земји повеќе од 10% од населението е раселено, во Сомалија и Судан процентот надминува 20, а во Сирија е над 60. Во 77 земји се живее побезбедно, во 85 има повеќе ризици. Во втората група се земји главно на Блискиот Исток и Северна Африка, суб-сахарска Африка, Централна Америка, како и Украина. Европа останува мировниот географски регион во светот, покажува индексот.

Слично

Поврзани вести