Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИЗМОТ ВО ПОДЕМ: Во Европа се внесува оружје за масовно уништување

ТЕРОРИЗМОТ ВО ПОДЕМ: Во Европа се внесува оружје за масовно уништување

Есктремисти во Европа внесуваат оружје за масовно уништување. Терористите на Исламската држава ангажирале стручњаци кои спроведуваат напади во западните земји со користење најсмртоносно оружје – се наведува во извештакот на Европскиот Парламент, кој го пренесува „Дејли меил“.

„ИСИС веќе се стекна со знаење, а во некои случаи и со стручњаци, кои ќе им овозможат да користат радиолошко-хемиски-биолошки материјали како оружје на теророт” вели Волфганг Рудишаузер, експерт за подрачјето контрола на ширењето оружје за масовно уништвање при НАТО.

Во извештајот е наведено дека терористичките групи во следните напади во Европа би можеле да користат хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни материјали, кои, како што се тврди, незабележано се внесуваат во Европската унија.

До сега, само во 2015 година се регистрирани 150 случаи на криумчарење на нуклеарни или радиолошки материјали во ЕУ.

Слично

Поврзани вести