ТЕРОРИЗМОТ ЈА КРАДЕ СЛОБОДАТА НА ИНТЕРНЕТ: Светот бара софтвер, полесен за контрола
По последните терористички напади во Париз, владите ширум светот бараат технолошките компании да прават производи кои ќе им помогнат на безбедносните служби полесно да ги следат комуникациите, пренесува Би-Би-Си.
Меѓутоа, стручњаци во оваа област предупредуваат дека Исламската држава веројатно избегнува производи на познати компании и дека можат лесно да најдат алатки за енкрипција на пораки.
Експертот за дигитална форензика Питер Самер велли дека системите како што се „SureSport” им овозможуваат на корисниците едноставен начин како да користат енкрипција за своите пораки.
„Секој џихадист знае како да најде сигурен начин за комуникација” – вели тој.
Останува нејасно како терористите во нападите во Париз меѓусебно комуницирале.
Бившиот заменик директор на ЦИА, Мајкл Морел рече дека најверојатно ја користеле апликацијата „WhatsApp”, но за сега за тоа нема докази.
