ТЕРОРИЗАМ НА БАЛКАНОТ: Колку приврзаници на ИСИС има во наша близина
Иако терористичките главни бази им се сместени на Блискиот Исток, Исламската држава има многу приврзаници во Европа.
Само на Балканот има голема база на симпатизери на Исламската држава во која спрема некои проценки се над 400.000 луѓе, иајавил претседателот на Компанијата за стратешки анализи од политички ризици во југоисточната Европа, Гордон Н. Бардош.
Според него најмногу приврзаници на ИСИС има во БИХ.
„Со оглед на новите бројки, не е изненадувачки дека резултатите на одредени студии покажуваат дека по глава на жител најголем број на доброволци за Исламската држава и другите исламистички движења во Сирија и Ирак доаѓаат баш од просторите на БиХ, Косово и Албанија" – наведува Бардош во авторскиот текст за „Политика“.
Tој вели дека симпатизерите на Исламската држава планираат да направат голема пропаганда и да изградат сопствена инфраструтура, да се регрутираат нови припадници и да се планираат големи напади со цел да сее страв на Балканот.
