Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористот од Берлин го терал внук му да убива и покаже лојалност кон ИД

Терористот од Берлин го терал внук му да убива и покаже лојалност кон ИД

Анис Амри, терористот од Берлин го  принудувал свој внук да убие нивен роднина, за да докаже лојалноста кон групата „Исламска држава".

Според полицијата во Тунис, Амри испраќал пари на својот внук Фадил, за да пристигне во Европа пред атентатот. Германија го бара овој човек за нападот во Берлин. Терористот го принудувал Фадил да го ликвидира вујко си, за да докаже дека е подготвен за џихад. Спомнатиот вујко е роднина како на Фадил, така и на самиот Амри, бидејќи е сопруг на сестрата на Амри.

По терористичкиот акт во Берлин на 19 декември силите за безбедност во Тунис ликвидираа на 23 декември терористичка ќелија од три лица поврзани со Амри.

Вечерта на 19 декември тој искористи товарен камион за напад на Божиќен базар во центарот во германската престолнина. Загинаа 12 лица, а 48 беа повредени. Самиот терорист беше убиен на 24 декември крај Милано во престрелка со полицијата. Тој имал статус на бегалец.


Слично

Поврзани вести