Терористот Абдеслам ќе биде екстрадиран во Франција
Францускиот претседател, Франсоа Оланд синоќа најави дека ќе побара брза екстрадиција во Франција на уапсениот терорист, Салах Абдеслам.
Абдеслам е осомничен за логистичка поддршка на терористите што ги извршија терористичките напади во Париз, на 13 ноември минатата година. Оланд најави дека француските власти многу брзо ќе испратат барање за екстрадиција до Белгија и изрази надеж дека белгиските власти ќе одговорат позитивно, колку што е можно побрзо, бидејќи се работи за еден од најбараните терористи во Европа во иминативе четири месеци.
Абдеслам е брат на еден од париските атентатори самоубијци. Европол го имаше на листата на најбарани лица. Тој по нападите во Париз побегна во Белгија.
Здружението на жртви „13 ноември“ ја поздрави веста за апсењето на Абдеслам.
Слично
