Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИТЕ СПРЕМААТ НАПАД СО БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ: Од болницата во Париз украдени се заштитни одела за ебола!

ТЕРОРИСТИТЕ СПРЕМААТ НАПАД СО БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ: Од болницата во Париз украдени се заштитни одела за ебола!

Француските власти задолжени за управување со државните болници соопштиле денеска дека од заклучените простории во една париска болница биле украдени одреден број на заштитни одела, слични на оние кои ги носат луѓето кои работат со болните од ебола.

Кражбата официјално е  пријавена во четвртокот, истиот ден кога францускиот премиер Мануел Валс во парламентот предупредил дека „постои опасност терористите да користат хемиско и бактериолошко оружје“ пренесува агенцијата „АП“.

Во Франција е прогласена вонредна состојба по терористичките напади на 13 ноември, во кој загинаа 130 луѓе.

Во соопштението од француската управа на државната болница се наведува дека „снемало само едно заштитно одело“, но не се потврдуваат информациите од медиумите дали се украдени десетина херметички заштитни одела, триесет пара специјални чизми отпорни на хемиски реакции, ракавици и анти-бактериски маски.

 
Слично

Поврзани вести