Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористите си најдоа нов извор на финансии

Терористите си најдоа нов извор на финансии

Терористите од „Исламска држава" почнаа кампања за собирање на златен накит во контролираните делови на западен Мосул, поради недостаток на средства за операциите во градот, пренесе AhlulBayt.

Внатрешната полиција на „„Исламска држава“ формирала група која го собира накитот на жените.

Терористите го собираат златото од жените насила и ако тие одбијат да го направат тоа многу лошо се казнувани.  

Според локални извори четири жени биле тепани со камшик во квартот „Даваса", откако одбиле да се покорат. Терористите исто така собираат и пари од жителите на градот за време на петочните молитви.


Слично

Поврзани вести