Терористите од Брисел како мигранти минале низ Грција?
Дојавите дека бриселските напаѓачи пред терористичките акции минале низ грчката територија со сириски пасоши, ја дина на нозе грчката полиција.
Грчките власти соопштија дека истражуваат дали навистина тројцата терористи поминале преку грчкиот остров Лерос и Атина.
Информацијата прво ја објавија италијанските медиуми, а подоцна ја потврдил и грчки функционер, според кој двајца од соработниците на Салах Абделслам се вратиле од Сирија во Европа преку Леорс на 20 септември.
Весникот Катимерини, пишува дека двајцата кои пристигнале на Лерос се Наим ал Хамед и Софиане Ајари. При пристигнувањето во Грција на грчките власти им покажале сиријски пасоши.
Извори од грчката полиција велат дека Ајари и Ал Хамед патувале со брод до Пиреја од Лерос, пред да влезат во земјите од Централна и Западна Европа.
Третиот човек, Халид ел Бакруи, кој се разнесе во метрото во Брисел, во јули дошол во Грција од Италија, со белгиски документи, и не предизвикал никакви сомневања кај властите од ниту една држава.
Сличната рута во октомври ја поминале и терористите што биле замешани во ноемвриските напади во Париз. Најмалку еден од терористите што се разнесоа во близина на стадионот во Париз, на Лерос од Турција стигнал на 3 октомври.
