Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористите од 11 септември со години чекаат судење

Терористите од 11 септември со години чекаат судење
САД на 11 септември 2001-ва го доживеа најтешкиот напад на свое тло по Перл Харбор во Втората светска војна, но петорицата терористи обвинети за организирање на нападот врз Кулите Близначки во Њујорк се уште не се изведени пред суд. Ваквата правна фрустрација ги навреди семејствата на околу 3000 загинати цивили, пожарникари, спасувачи и полицајци кои сакаат правдата да биде задоволена. teroristi-9-11 Обвинетите водат тешка правна битка со Воениот суд кој е формиран токму за оваа намена, но постојат и правни експерти кои порачуваат дека подобро е судењето да се префрли во цивилните судови. Други пак, сметаат дека цивилен суд веднаш би го отрфлил обвинението бидејќи против терористите е користена тортура од страна на ЦИА. Министерството за одбрана смета дека правниот систем на САД воопшто не бил подготвен за ваков потфат и затоа прогнозите се дека судењето ќе започне дури во 2020-та. Обвинетите дотогаш ќе бидат во заробеништво во воената база Квантанамо, на Куба каде се чувани во најлоши можни услови со постојано кршење на човековите права.
Слично

Поврзани вести