Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИТЕ НА ХАМАС СИЛУВАЛЕ МАЖИ И ЖЕНИ: Палестинската група негира дека злоставувала заложници

ТЕРОРИСТИТЕ НА ХАМАС СИЛУВАЛЕ МАЖИ И ЖЕНИ: Палестинската група негира дека злоставувала заложници

Палестинската терористичка група Хамас силувала машки и женски заложници. Информацијата ја потврдија лекарите.

Најмалку 10 мажи и жени биле сексуално малтретирани додека биле приведени во Појасот Газа, објавија израелските медиуми, пренесе Бета. Лекарот сакаше да остане анонимен за да го заштити идентитетот на заложниците.

Изјавата на лекарот го потврдува сведочењето на група ослободени цивили кои на вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборувале за сексуалното злоставување.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер вчера навести дека Хамас одбива да ослободи некои заложници затоа што не сака тие да сведочат за сексуалното злоставување.

Палестинската исламистичка група Хамас ги отфрли обвинувањата дека нејзини членови направиле сексуални престапи.

Околу 240 Израелци и странци беа насилно одведени во Појасот Газа по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, при што беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили.

Турција ги отфрла плановите за воспоставување тампон зона во Појасот Газа по завршувањето на борбите во палестинската енклава.

САД веруваат дека големите воени операции во јужниот дел на Појасот Газа би можеле да завршат до јануари, а потоа да се фокусираат на напади врз одредени екстремисти и лидери на Хамас, јави Си-Ен-Ен.

Фото: Скриншот/Х

Слично

Поврзани вести