Терористите кои учествувале во КРВАВИТЕ НАПАДИ во Париз се уапсени во Брисел
Белгиската полиција направила рација во центарот на Брисел и уапсила двајца луѓе поврзани со терористичките напади во Париз минатиот месец, соопшти денеска канцеларијата на белгискиот државен суд.
Во рацијата која била спроведена синоќа траела три часа, во близина на ценатарот во Брисел, а во неа учествувале специјалци и силите на федералната полиција, пренесуваат агенциите.
„Двајца мажи се однесени на сослушување“, изјавил потпаролот на државниот суд Ерик Ван Дер Сипт, кој не сакал да даде повеќе детали за уапсените, но потврдил дека не се работи за Салах Абдеслам, кој е еден од најбараните луѓе во Европа поради своите улоги во нападите во Париз на 13 номври, во коi загинаа 130 луѓе.
Белгиската полиција и понатаму активно го бара Абдеслам, 26-годишникот со потекло од Брисел, за кој се сомневаат дека ја имал главната улога во париските напади и се верува дека еден дена по масакарот во Франција се вратил во Брисел.
