Терористите добивале упатства од Ал Каеда и ИД!
Терористите Шериф Куачи и Амеди Кулибали изјавиле дека упатствата ги добивале од Ал Каеда во Јемен и џихадистичката организација на Исламската држава (ИД).
Тие тоа го рекле во интервју чии изводи француската телевизја БФМ ги емитувала неколку часа пред француските сили денес да ги убијат во одделни и истовремени акции.
Куачи, кој е обвинет заедно со неговиот брат за нападот на сатиричниот весник „Чарли Ебдо“, рекол дека во Франција го испратила Ал Каеда во Јемен и дека го финансирал емирот Анвар ал-Авлаки кој е убиен во 2011 во напад на американско беспилотно летало.
Кулибали, кој во Париз денеска држел повеќе заложници од кои некои и ги убил заедно со уште една жена терористка и кој е исто така осомничен за вчерашното убиство на француската полицајка, прецизирал во интервјуто дека инструкциите му ги давала ИД.
Тој рекол дека, иако не припаѓале на иста организација, бил во контакт со браќата Куачи.
„Секогаш бевме синхронизирани кога станува збор за операции“, рекол Кулибали.
Слично
