Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИТЕ БИЛЕ ВО БЛИЗИНА НА БОЛНИЦАТА: Кој ќе ги евакуира бебињата од Газа?

ТЕРОРИСТИТЕ БИЛЕ ВО БЛИЗИНА НА БОЛНИЦАТА: Кој ќе ги евакуира бебињата од Газа?

Израел ќе помогне за евакуација на бебиња од болница во Газа. 

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари ги отфрли наводите дека израелската армија ја држи под опсада болницата Ал Шифа, информира „Тајмс оф Израел“. Тој додаде дека ИДФ постојано им дозволува на пациентите и персоналот во болниците во Газа да преминат во јужниот дел на Појасот Газа.

„Ние се бориме против терористите кои избраа да се борат во близина на болницата“, рече Хагари.

Хагари изјави дека ИДФ е во комуникација со болницата Ал Шифа и ќе помогне во евакуацијата на бебињата од педијатриското одделение во побезбедна болница.

Министерството за здравство на Газа претходно објави дека три бебиња во неонаталното одделение на болницата Ал Шифа во северниот дел на Газа починале откако болницата останала без струја, вода и залихи.

Мунир Ал Бурш, кој го предводи Министерството за здравство во Газа, контролирано од Хамас, изјави дека лекарите биле принудени да им даваат мануелно вештачко дишење на 36-те бебиња во одделението.

Бурш кажа дека болницата е опкружена од сите четири страни и проценува дека таму моментално се лекуваат 400 луѓе, а околу 20.000 раселени луѓе бараат засолниште.

Резолуцијата, која е усвоена на големиот регионален арапско-исламски Самит во Ријад, повикува на итен прекин на, како што наведува „израелската агресија врз Газа“.

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижарик денеска соопшти дека ОН веќе осум дена не можат да достават храна на северот на Појасот Газа.

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Израел да престане со бомбардирањето на Појасот Газа и да престане да убива цивили во палестинската територија. Според него, воздушните напади „немаат оправдување“. На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести