Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ: Затворено еврејско училиште во Амстердам

ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ: Затворено еврејско училиште во Амстердам
Едно училиште за ортодоксни Евреи во Холандија денеска било затворено поради загриженост од опасност од терористички напад, соопштуваат холандските власти. Директорот на училиштето во Амстердам, рабинот Бинјомин Јакобс, во холандските медиуми истакнал дека немало директна закана, но дека властите одлучиле да го затворат училиштето поради случувањата во соседна Белгија, каде две лица, осомничени исламски терористи, беа убиени во пресметка со полицијата. Пред родната куќа на Ана Франк, во Амстердам, како и пред останатите потенцијални мети на терористички напади поставено е зголемено обезбедување. Во Белгија рано утринава соопштија дека полициската акција е завршена , но во земјата се уште важи одлуката за зголемена опасност од терористички напади која беше прогласена во текот на вчерашниот ден.
Слично

Поврзани вести