ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА ДИПЛОМАТИ ВО ВАШИНГТОН: Кубанската амбасада под силен удар на молотови коктели
Кубанската амбасада во Вашингтон била цел на напад со
молотови коктели во неделата вечерта, соопштија кубанските
власти, опишувајќи го инцидентот како „терористички напад“.
– Кубанската амбасада во САД беше цел на терористички напад извршен од поединец кој фрли два молотови коктели – напиша шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез на Твитер.
Cuba describes an attack with Molotov cocktails on its embassy in Washington as "terrorist"https://t.co/Eys2r0pgSs
— Jaun News (@JaunNews) September 25, 2023
Тој изјави дека нема повредени и не е причинета материјална штета. Ова е втор напад на кубанската амбасада во Вашингтон во последниве години, откако неидентификуван маж отвори оган врз зградата во април 2020 година, и за среќа во тој инцидент немаше жртви.
Нападот во неделата вечерта во Вашингтон се случи неколку часа по враќањето во Хавана на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој беше во Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН.
