Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Којa е следна мета на ИСИС

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Којa е следна мета на ИСИС

По вчерашните терористички напади во Париз, светот стравува за тоа која е следна цел на Исламската Држава.

Една од најзагрозените држави е и Албанија,  чиј министер за внатрешни работи Саимир Тахири денес добил заканувачки пораки од ИСИС.

„Сега сте вие на ред! Почна светата војна против оние кои учествуваат во борбата против ИД. Ќе се плашите и ќе молите на колена пред Алах, пишува во пораката која завршува со традиционалниот исламски извик „Алах е голем!“ – напишале во електронска пошта џихадистите.

По оваа порака, албанскиот премиер Еди Рама на вонредна седница побара од сите инситуции да преземат дополнителни мерки за зголемување на нивото на безбедност.

Од друга страна пак, неколку часа по парискиот масакр, ИСИС објави и видео на кое повторно и се заканува на Франција и повикува на уште едно крвопролевање.

Според британските медиуми, други места кои може да се потенцијална цел на тетористички напади од Исламската Држава  се Вашингтон, Рим и Лондон.

Британското Министерство за надворешни работи проценува и дека над 30 држави се во опасност од терористички напад.

Како што пишува и британскиот Телеграф, на оваа листа се некои од најпопуларни дестинации како Франција и Шпанија, каде ризикот е еднаков како во Либија, Пакистан и Сомалија.

Меѓу најризичните места во земјата се Ирак, Јемен, Сирија, Либан,Израел, Авганистан и Саудиска Арабија.

На високо ниво на ова листа се и Тунис, Русија, Кенија, Турција, Тајланд, Белгија, Индонезија, Филипини.

Слично

Поврзани вести