Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Еве како да се однесувате за да преживеете

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Еве како да се однесувате за да преживеете
Полковникот на Федералната служба за безбедност во Русија, Виталиј Демидкин, вели дека секогаш треба да се исполнат сите барања на терористите, да се стават рацете зад главата или уште подобро да се легне. - Ни под никакви услови немојте да ги провоцирате терористите, немојте да станувате, уште помалку немојте да трчате. Трудете се да не правите брзи потези, бидејќи тоа може да се смета за агресивно однесување. Ако се најдете во зграда која ја заземале, а која има систем на видео обезбедување, специјалците може да ве видат преку тие камери. Само треба да им сигнализирате дека сте заложник, а не помошник на терористите, вели полковник Демидкин. Ако успеете да се извлечете од зградата, немојте да бегате. За специјалците кои ја опколиле зградата секој кој трча од зградата може да е терорист. Одете полека, мавтајте со шал или некој предмет кој ви е при рака. Дури кога ќе бидете сигурни дека ви даваат знак, почнете да трчате најбрзо што можете. Ако дојде до бомбашки напад, никогаш не треба да одите кон местото каде што се случила експлозијата. Терористите обично поставуваат повеќе бомби. Ако сте на отворено, да побарате некој бетонски ѕид зад кој би можело да се скриете. Сите оние кои може да пронајдат засолниште мора да останат таму во потполна тишина и да не заборават да го исклучат звукот на мобилните телефони.  
Слично

Поврзани вести