Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОРИСТИЧКИ МАСАКР ВО ЦРКВА: Се стравува дека има многу мртви, меѓу кои и деца

ТЕРОРИСТИЧКИ МАСАКР ВО ЦРКВА: Се стравува дека има многу мртви, меѓу кои и деца

Се стравува дека многу верници, меѓу кои и деца, денеска се убиени за време на неделна богослужба во католичка црква во југозападна Нигерија.

Напаѓачите наводно користеле огнено оружје и експлозиви. Анакурин Акередолу, гувернерот на нигериската држава Ондо, го осуди гнасниот и сатанистички напад врз црквата Свети Франциск, ветувајќи дека напаѓачите ќе бидат фатени.

Засега нема потврди за бројот на загинати или повредени, но се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде голем. Во црквата во моментот на нападот имало деца, па се стравува дека меѓу жртвите има и најмлади.

Лекар во болница во Ове, град во оваа држава во југозападна Нигерија, потврдил за новинарот на Ројтерс дека „голем број верници биле донесени без знаци на живот“.

Некои медиуми објавија дека верниците биле киднапирани од црквата, но оваа информација не е потврдена.

Нигерија, најнаселената африканска земја, беше место на чести напади и киднапирања од вооружени банди, главно во северозападните делови на земјата.

ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести