Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористи влегле во Индија за да ја дестабилизираат

Терористи влегле во Индија за да ја дестабилизираат

Во Индија во рок од неколку недели влегле над 60 вооружени терористи од територијата што е под контрола на Пакистан, информира весникот „Тајмс оф Индија“.

Мнозинство од терористите ѝ припаѓаат на сепаратистичката група „Хизб ул Муџахидин“. Тие во Индија упаднале користејќи ја нестабилната ситуација во државата Џаму и во Кашмир, пишува весникот, повикувајќи се на информација на индиските специјални служби.

Целта на терористите била да ја дестабилизираат државата, а  освен тоа, врбувале и млади луѓе за својата група, информираат истите извори.

Првиот заменик-министер за надворешни работи на Индија, Субраманијам Џаишанкар, изјави дека примил покана од својот пакистански колега, Азаз Чоудхри да го посети Исламабад за да ја разгледаат ситуацијата во Џаму и во Кашмир.

Субраманијам планирал во разговорите да го отвори и прашањето за прекуграничниот тероризам со кој се соочуваат.

Слично

Поврзани вести