Терористи убија функционери на ЕУ при напад во Мали
Двајца функционери на Европската унија се убиени во терористички напад во луксузното летувалиште на Мали, а информацијата ја потврди и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
„Едната жртва беше наш колега од Португалија кој беше дел од воената мисија на ЕУ во Бамаку. Убиена е и членка на делегацијата на ЕУ од Мали“ рече Могерини.
Нападот се случил вчера во туристичкото одморалиште во Мали, популарно меѓу туристите од Запад. Според информациите, во нападот убиени се најмалку четири лица, а една се уште се води како исчезната. Властите во Мали соопштија дека се убиени петмина напаѓачи во операцијата која траела цела ноќ, а нападот е оценет како терористички.
Слично
