Tерористи нападнале нафтени објекти до нафтенoто пристаниште на Либија
Терористи кои најверојатно и припаѓаат на радикалната група „Исламска држава“, извршиле напади на објекти на нафтената индустрија во близина на извозниот терминал Рас Лануф во Северна Либија, објави Ројтерс.
Како што пренесува агенцијата, исламистите запалиле најмалку две нафтени складишта кои и припаѓале на компанијата „Harouge Oil Operations“.
Во почетокот на јануари двата најголеми извозни терминали на Либија - Ас Сидр и Рас Лануф - веќе беа подложени на напади од радикалната група „Исламска држава“.
Работата на извозните терминали Ас Сидр и Рас Лануф, кои се одговорни за половина од обемот на нафта во Либија, е запрена во декември 2014 година. По падот на режимот на Моамер Гадафи во земјата наиде двовластие - од една страна, е избран на општи избори парламент кој заседава во Тобрук во источниот дел на земјата, а од друга, е происламскиот Универзално национален конгрес во Триполи.
Поради воените дејствија неколку нафтени пристаништа се оштетени, а некои наоѓалишта беа земени под контрола на Исламската држава.
