Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористи најавија напад на Норвешка – полицајците добиваат пиштоли

Терористи најавија напад на Норвешка – полицајците добиваат пиштоли
Норвешката полиција, која генерално е невооружена, во следните четири недели ќе патролира со оружје поради заканите за можен терористички напад, на кој предупредија безбедносните служби во оваа земја. „Униформираните полицајци на задачите за набљудување и интервенција од денеска се вооружени со пиштоли“, објави Управата на норвешката полиција. „Причината за ова е поврзана со проценката на опасноста на разузнавачките служби, во које се вели дека полицијата и војската се можни цели на терористички напади“. Норвешките разузнавачи оценуваат дека е „многу веројатно“ Норвешка да биде изложена на закана и обид за терористички напад во скора иднина, повикувајќи се на извршените или разоткриени напади во Канада, Лондон и Австралија. Норвешките власти стравуваат од враќање во земјата на воинствени радикални џихадисти кои се бореле во Сирија. Околу 60-тина лица кои имаат врски со Норвешка се проценува дека се придружиле на џихадистичките организации во Сирија. „Може да се каже дека четири недели (колку што е предвидено да трае вооружувањето на полицајците) е прилично краток рок но тоа е затоа што за месец дена ќе правиме нова проценка“, вели министерот за правда Андерс Анундсен. Во Норвешка полицијата генерално патролира без оружје, но смее да го држи во багажникот од автомобилот.  
Слично

Поврзани вести