Економија, финансии, бизнис

Контакт

Терористи киднапираа 36 жени и деца

Терористи киднапираа 36 жени и деца

Teрористи од групата Исламска држава киднапираа 36 жени и деца во сирискиот регион Свеида. 

Тие се припадници на етничкото малцинство Друзи, што џихадистите ги сметаат за еретици, објави Би-би-си.

Од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон се верува дека киднапирањето се случило во минатонеделните напади на Исламската држава во тој регион, каде што мнозинството се Друзи, трето по бројност малцинство во Сирија. Во самоубиствените бомбашки напади загинале најмалку 215 лица.

Засега не е познато дали се почнати преговори за ослободување на заложниците.

Сириската влада контролира поголем дел од регионот Сувеида, а екстремистите имаат мал дел од територијата. Сириската војска, со поддршка на Русија, неодамна почнала кампања за заземање на преостанатите џихадистички области и делови под контрола на бунтовниците.

Слично

Поврзани вести