Терористи апликанти за работа во ЦИА
Проверка на илјада свои вработени, но и на апликанти за работа извршиле американските разузнавачки агенции, поради обидите на Ал Каеда и други непријателски групи да се инфилтрираат во службите,објави „Вашингтон пост“.
Според пишувањата на весникот, Централната разузнавачка агенција (ЦИА) открила дека една петтина од кандидатите за вработување имале „значителни врски со терористи и/или со непријателски разузнавачки служби. Најчесто се спомнуваат врските на кандидатите со Хамас, со Хезболах, со Ал Каеда и нејзините ограноци.
„Вашингтон пост“ се повикува на доверлив документ претходно доставен од поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој доби привремен азил во Русија.
Поради стравот од инфилтрирање на непријателски елементи, американската Национална безбедносна агенција (НСА) проверила најмалку 4.000 лица кои имале пристап до доверливи документи.
Слично
