Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРОР ВО ЛИДЛ, ГИ КАСАПЕЛ СО СЕКИРА: Напаѓачот влегол со црна кеса полна со ножеви

ТЕРОР ВО ЛИДЛ, ГИ КАСАПЕЛ СО СЕКИРА: Напаѓачот влегол со црна кеса полна со ножеви

Три лица се повредени во застрашувачки напад со секира од страна на непознат маж во Лидл во францускиот град Жемон на самата граница со Белгија. Според извештаите на полицијата, нападот се случил еден час пред затворањето на маркетот.

Надзорните камери откриваат дека непознатиот напаѓач влегол со црна кеса полна со ножеви, а откако со секирата замавнувал по секој што му бил во близина и повредил тројца купувачи, секирата ја забил и во самиот себе.  

Mirror наведува дека купувачите биле принудени да бегаат додека човекот со секира дивеел скоро половина час во супермаркет Лидл во Франција.

Сведоците изјавија дека виделе крв како го покрива подот од супермаркетот, а на многумина им била потребна психолошка помош по трауматскиот настан.

Две жртви се тешко повредени, додека трето лице се здобило со полесни рани. Третата жртва е пренесена во болницата Мобеж.

Осомничениот, маж на возраст од четириесет години, исто така претрпел сериозни повреди откако самиот се повредил со секирата, објави локалниот медиум La Voix du Nord.

Службите за итни случаи дошле веднаш на местото по инцидентот, а бил вклучени и хеликоптер и неколку десетици пожарникари, објави француските медиуми.

Психолозите и лекарите третирале дванаесет сведоци, меѓу кои и четири деца, кои го виделе трауматичниот насилен напад.

Инцидентот се случил на 155 Rue Victor Basch, 59460 Jeumont, Франција, на само неколку метри од белгиската граница.


Слично

Поврзани вести