Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тереза ​​Меј стана премиер на Велика Британија

Тереза ​​Меј стана премиер на Велика Британија

Тереза ​​Меј, министерот за внатрешни работи на Велика Британија, денеска ќе го наследи Дејвид Камерон на функцијата премиер.

Камерон денеска за последен пат ќе одговара на прашања во Домот на општините како премиер, а потоа треба да ја поднесе својата оставка пред кралицата Елизабета Втора. Тоа значи дека  Меј и официјално ќе стане премиер на земјата.

Овие промени настанаа откако на референдумот за иднината на Велика Британија во ЕУ, Британците го избраа „Брегзит“. По објавување на резултатите Камерон, кој ја предводеше кампањата за останување во ЕУ, најави дека поднесува оставка.

Се очекуваше постапката за наоѓање на негов заменик во Конзервативната партија да потрае неколку месеци и да заврши во почетокот на септември. Но, тоа нема да се случи, откако конкурентите на Меј отпаднаа во раната фаза од трката, а единствениот друг преостанат кандидат – Андреа Лидсом – се откажа од битката во понеделникот.

Иако Тереза ​​Меј ја поддржуваше кампањата за останување во ЕУ, таа вели дека ќе ја почитува одлуката на избирачите.

Очекувањата се дека и покрај повиците на Брисел нема да се брза со активирањето на чл. 50 од Договорот за ЕУ, со кој се регулира излегувањето на земја членка на ЕУ.

Слично

Поврзани вести