Тереза Меј нуди 20 милијарди евра за Брегзит?
Британската премиерка Тереза Меј ќе понуди оваа недела најмалку 20 милијарди евра на Европската унија да ја пополни буџетската дупка по Брегзит, објави британски Фајненшел тајмс.
Оливер Робинс, советник на премиерката за ЕУ, како што пишува ФТ им рекол на европските колеги дека премиерката во петок во Фиренца ќе одржи говор за ЕУ и притоа ќе ја изнесе својата понуда.
Велика Британија досега не предложила никаква сума која планира да ја исплати за „развод од ЕУ“, која би требало да ја напушти на 29 март 2019 година.
Сума досега не изнесувал ни Брисел, но некои претставници од Унијата проценуваат дека Британците би требало да исплатат помеѓу 60 и 100 милијарди евра.
Слично
