Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тереза Меј го спасува брегзитот со експресна замена за Борис Џонсон

Тереза Меј го спасува брегзитот со експресна замена за Борис Џонсон

Британската премиерка Тереза Меј го именуваше вечерва Џереми Хант за нов министер за надворешни работи по ненадејната оставка на Борис Џонсон на таа должност, објави Даунинг стрит број 10. Освен Џонсон, оставка даде и министерот за брегзит, Дејвид Дејвис.

Џонсон денес поднесе оставка и во писмото порача дека „сонот за брегзитот умира“, и дека Британија ќе заврши како колонија на ЕУ, додека Меј во своето писмо до сега веќе поранешниот шеф на дипломатијата кажа дека е „малку изненадена“, особено по продуктивните разговори за брегзитот во петокот.

„Кралицата е среќна што може да го потврди именувањето на Џереми Хант за министер за надворешни работи на Комовелтот“, објави владата на Меј во соопштение. 

Џереми Хант, досегашниот министер за здравство, сепак го поддржуваше останувањето на Обединетото кралство во ЕУ.

Британската премиерка претходно одржа средба со пратениците на својата Конзервативна партија во обид да ја добие нивната поддршка за својот план за брегзитот, за кој еден од учесниците кажа дека минал „многу добро“. Ројтерс пишува дека Меј членовите на нејзината партија ја пречекале и испратиле со аплауз.



Слично

Поврзани вести