Тереза Меј ги открива плановите: Како ќе го спасува Брегзит?
Тереза Меј доживеа вистинско фијаско. Пораз по гласањето на кое пратениците во британската влада не го прифатија Договорот за Брегзит.
Премиерката пак, пред да преземе следни чекори ќе почека . За Тереза Меј е важно да се слуша и волјата на британскиот народ.
„Секој ден што ќе мине без решение за овој проблем значи и поголема несигурност, повеќе огорченост и поголема омраза“, вели Меј.
Таа нагласи дека пред да го преземе следниот чекор, прво ќе почека да види дали нејзината Влада ужива доверба во Парламентот, на денешното гласање на пратениците за недоверба на владиниот Кабинет.
– Јасно е дека Парламентот не го поддржува овој договор. Но, гласањето не ни кажува што поддржува. Тоа не ни кажува како или дали воопшто (Парламентот) има намера да ја почитува одлуката што бритинскиот народ ја донесе на референдумот (за Брегзит), додаде Меј.
Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел.
По одбивањето на договорот, лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин ги повика пратениците да ја урнат Владата на Меј.
