Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕРАПИЈАТА УСПЕА: Излечен италијански лекар инфициран со ебола

ТЕРАПИЈАТА УСПЕА: Излечен италијански лекар инфициран со ебола
Италијански лекар, кој се заразил со ебола во западна Африка, успешно е излечен по примањето на експериментална терапија, пренесуваат италијанските медиуми. Лекарот, со потекло од Сицилија, чие име не се наведува, префрлен е во болница во Рим каде се лечи од средината на ноември. Лекарите во оваа болница соопштиле дека неодамна 50 годишниот пациент може самостојно да дише, да јаде и да оди. Претставниците на болницата и италијанското Министерство за здравје денес ќе одржат конференција за новинари на која ќе ги изнесат деталите за излекувањето на лекарот заболен од ебола. Една британска медицинска сестра, која беше заразена со ебола во Сиера Леоне, моментално е на лечење во Лондон, каде прима експериментална антивирусна терапија заедно со крвна плазма земена од лица кои се излечиле од овој смртоносен вирус. Според последните податоци на Светската здравствена организација објавени во средата, бројот на настрадани од ебола во западна Африка пораснал на 7.890 лица, додека регистрирани се нови 20.171 случаи заразени со овој вирус во трите земји кои се најмногу погодени од оваа епидемија.  
Слично

Поврзани вести