Тепачка изби во авион откако патници одбиле да носат маска
Тепачка изби во авион откако патници одбиле да носат маска.
Во текот на летот на холандската компанија КЛМ од Амстердам кон Ибица, дошло до тепачка откако двајца патници не сакале да носат заштитни маски.
„Мажите одбија да носат маски, а потоа физички и вербално ги вознемируваа другите патници“, рече портпаролот на холандската авиокомпанија.
На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот.
Тие биле уапсени откако слетале во Ибица, пренесува Индипендент.
Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.
Слично
