ТЕНЗИЈА ВО ЈУЖНОТО КИНЕСКО МОРЕ, кинеските сили тврдат дека американски разурнувач пловел во близина на спорни острови
Американски поморски разурнувач пловел во близина на спорните острови Парасел во Јужното Кинеско Море, а кинеската војска реагирала и го опишува „како илегален влез во територијалните води“, соопшти кинеската војска.
Од друга страна, американската морнарица објави дека бродот „Бенфолд“ „ги користел правата и слободата на пловидба во Јужното Кинеско Море недалеку од островите Парасел, што е во согласност со меѓународното право“.
Јужната команда на кинеската војска соопшти дека американскиот брод сериозно го нарушил суверенитетот и безбедноста на Кина со илегално навлегување во територијалните води на Кина околу островите Параселс, објавува „Блиц.рс“.
Правата над оваа област ги бараат и Виетнам и Тајван.
Во соопштението се вели дека командата „организирала поморски и воздушни сили за следење и одбивање“ на американскиот брод. Објавени се слики од „Бенфолд“ од палубата на кинеската фрегата „Сијанинг“.
Кина тврди дека не ја ограничува слободата на навигација или лет и ги обвинува САД за намерно предизвикување тензии.
Си-Ен-Ен пак ја пренесува страната на американската морнарица која пак посочува оти „изведува вежба за слобода на навигација во Јужното Кинеско Море“
- Разурнувач на американската морнарица во средата пловел во близина на спорниот синџир на острови во Јужното Кинеско Море, оспорувајќи ги ограничувањата наметнати од Кина и другите за транзит низ областа. Полковник Николас Линго, портпарол на седмата флота на американската морнарица со седиште во Јапонија, рече дека ова е втора таканаречена операција за слобода на навигација на островите Парасел -- познати како острови Ксиша во Кина -- досега оваа година и трета насочени кон „прекумерните поморски претензии“ на Пекинг во регионалните води во истиот период – објавува Си-Ен-Ен.
Операцијата во средата на разорувачот со наведувани ракети УСС Бенфолд ја предизвика не само Кина, туку и Виетнам и самоуправниот остров Тајван, кои исто така претендираат на островите, бидејќи сите три влади бараат воените бродови да бараат дозвола или да дадат однапред известување за „невин премин“ низ областа, објаснувал Линго.
Островите Парселс се 130 мали корални острови и гребени во северозападниот дел на Јужното Кинеско Море. Тие немаат домородно население само кинески воени гарнизони со 1.400 луѓе, според Светската книга за факти на ЦИА.
Како што пишува Си-Ен-Ен островите се во кинески раце скоро 50 години и за тоа време тие се населени со воени инсталации на Народноослободителната армија.
Тие исто така ја пренесуваат и реакцијата на кинеските воени сили, и пренесуваат оти „активностите на американската војска сериозно го нарушија суверенитетот и безбедноста на Кина, сериозно ги поткопаа мирот и стабилноста на Јужното Кинеско Море и сериозно го прекршија меѓународното право и нормите на меѓународните односи“, и се повикуваат на изјава на полковникот на воздухопловните сили Тиан Јунли, портпарол на командата на јужниот театар.
Но, Линго, портпаролот на седмата флота на САД, рече дека пловењето на американскиот разурнувач „ги поддржува правата, слободите и законската употреба на морето признати во меѓународното право“.
- Според меѓународното право ... бродовите на сите држави -- вклучително и нивните воени бродови -- го уживаат правото на невин премин низ територијалното море. Едностраното наметнување на кое било овластување или барање за однапред известување за невин премин е незаконско - се вели во соопштението на морнарицата на САД.
