Тензиите растат, полицијата ги отстранува демонстрантите од центарот на Киев
Растат тензиите во Украина. Специјалните единици на полицијата започнале да ги отстрануваат камповите на демонстрантите пред владините згради во Киев. Претходно демонстрантите беа предупредени до дека до утре мора да се повлечат од позициите каде со автомобили, барикади и шатори ги блокираа приодите до државните институции барајќи оставка на владата и премиерот Виктор Јанукович.
Опозиционите лидери апелираа до своите подржувачи да го одбранат плоштадот на независноста кој е центар на протестите.
„Сигурен сум дека секоја употреба на сила ќе има големи последици во општеството. Ситуацијата може да се промени на различни начини. Ги повикуваме безбедносните сили да се воздржат од употреба на сила против мирните демонстранти. Последиците од ова може да бидат вознемирувачки, не само во однос на тепањето на демонстрантите туку и во поглед на проблемите кои ќе ги предизвика во целото општество“, изјави опозицискиот лидер Виталиј Кличко.
Демеонстрантите пак му дадоа на претседателот Јанукович 48 часа , за да ја распушти владата. Изминатата ноќ во центарот на Киев беа издигнати нови шатори и барикади , а стотици илјади граѓани излегоа повторно на протести против владата. Тие ја соборија и статуата на Ленин во украинската престолнина и ја разбија со чекан.
Случката веднаш најде одек во социјалните мрежи - еден од пратениците од опозицијата напиша на Twitter : „Збогум на комунистичкото наследство ! " .
Во меѓувреме на плоштадот демонстрантите извикуваа „Слава на Украина“. Според премиерот Микола Азаров симнувањето и разбивањето на статуата е „варварски манифестација" и го спореди овој чин со уништувањето на огромните статуи на Буда во Авганистан во 2001 година.
Околу зградата на цел ден имаше засилено полициско присуство , бидејќи се одржуваше седница . Медиуми не беа пуштени до местото на настанот.
Во меѓувреме украинската служба за безбедност започна истрага против политичари за " активности насочени кон одземање на државната власт" , а украинската полиција притвори повеќемина лица заради уривањето на споменикот на Ленин.
Слично
