Тензиите растат, ММФ станува товар во еврозоната?
Еврозоната во иднина треба да дејствува без помош на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Ова е ставот на шефот на Европскиот стабилизационен механизам „ЕСМ“, Клаус Реглинг, кој додава дека во текот на изминататите три години, „тројката“(Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) работеше заедно на управувањето со пакетите помош за Грција и другите земји кои имаа потешкотии.
Според Реглинг во последно време тензиите растат, посебно откако ММФ изрази загриженост во врска со пристапот на Европа кон Грција.
„Стучното мислење на Меѓународниот монетарен фонд и понатака е потребно на краток и подолг рок“,изјави Реглинг за германскиот весник „Франкфуртер алемајне цајтунг“.
Слично
