Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензиите меѓу Русија и Украина поради Крим се зголемуваат

Тензиите меѓу Русија и Украина поради Крим се зголемуваат

Тензиите меѓу Русија и Украина поради Крим се зголемуваат. И двете држави орбитираат воено крај полуостровот, откако Москва соопшти дека запленила украински диверзиони групи во регионот, пренесува Ројтерс.

Во последните денови уште руски војници и техника пристигнаа на полуостровот. Претседателот на Украина Петро Порошенко ги распореди сите војници во близина на полуостровот и нареди фронтот во источна Украина да се донесе во целосна борбена готовност.

По инцидентот со диверзионата група, за која Киев негира, рускиот претседател Владимир Путин коментира дека нема потреба од средба на т.н.. Нормандска група која го координира мировниот процес во источна Украина. Порошенко сепак инсистира на телефонски разговор со Путин и западните лидери кои ја следат ситуацијата во Украина.

Доцна синоќа НАТО исто така, изрази загриженост од зголемувањето на тензиите меѓу Русија и Украина. Претставник на Алијансата, кој побарал анонимност, коментира дека руската воена активност на полуостровот „не е од корист“.

Според Европската унија (ЕУ) тврдењата на Русија дека украински воени сили се обиделе да извршат терористички напади во Крим, не можат да бидат потврдени, бидејќи Организацијата за безбедност и соработка во Европа нема пристап до окупираниот полуостров од Русија .

ЕУ повторно ја изразува својата поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и ја осудува и не ја признава нелегалната анексија на Крим и Севастопол од Руската Федерација, се наведува во соопштението на портпаролот на Унијата.

Испраќањето на руски делови кон границата меѓу Украина и кон анексијата од Москва на полуостров Крим може да биде знак за многу лоши намери, изјави постојаниот претставник на Украина во ОН Володимир Елченко по крајот на затворената седница на Советот за безбедност на ОН по повод настаните во Крим.

Еленченко додава дека Русија натрупала над 40 илјади воени сили во Крим и по границата со Украина. На полуостровот е запрен и пристапот до Интернет.

Постојаниот претставник на Москва во ОН Виталиј Чуркин ја отфрли загриженоста за натрупувањето на руски трупи, но ја определи седницата на Советот за безбедност како корисна за да се разјасни ситуацијата, забележуваат агенциите. Тој изјави дека Русија им обезбедила на делегациите на другите земји информации за спречување на терористички напади на полуостровот .

Советот повторно повика на целосна имплементација на договорот од Минск. САД се приклучуваат на повикот и побараа смирување на тензиите и реториката меѓу двете земји.

„Сега е време да се намалат тензиите и да се вратиме на преговорите“, коментира портпаролот на Стејт департментот Елизабет Трудо, цитирана од Ројтерс и Франс прес.

Трудо одби да г коментиира извештаите за украинските војници кои се во борбена готовност. Таа, сепак, додаде дека во последно време има ново насилство во источна Украина и дека САД го признаваат правото на Украина на самоодбрана.

Слично

Поврзани вести