Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензиите меѓу САД и Северна Кореја ескалираa

Тензиите меѓу САД и Северна Кореја ескалираa

САД побараа вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, откако стана јасно дека Северна Кореја успешно ja истрелала првата интерконтинентална балистичка ракета. Од администрацијата на Доналд Трамп исто така потврдија дека проектилот всушност може да достигне до американските територии.

Во САД се подготвени да ги користат сите сили и средства за неутрализирање на заканата од Северна Кореја, станува јасно од изјавата на портпаролот на Пентагон Дана Вајт во врска со последниот ракетен тест од страна на Пјонгјанг.

„Ние сме подготвени да се заштитиме себе си и своите сојузници, така што ќе примениме целосен збир на средства со кои располагаме, против растечката закана од страна на Северна Кореја“ се наведува во соопштението.

Лансирањето на ракетата Хуасон-14 на Денот на независноста на САД било предводено лично од севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Експертите сметаат дека ракетата може да удри во државата Аљаска.

Тензиите меѓу двете земји постепено ескалира. Јапонија и Јужна Кореја веќе ги повикаа светските лидери да преземат мерки.

Се очекува состанокот на Советот на ОН да се одржи во средата околу 15.00 часот по локално време.

Слично

Поврзани вести