Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензиите ескалираа: Багдад се подготвува да ги бомбардира навлезените турски војници во Ирак

Тензиите ескалираа: Багдад се подготвува да ги бомбардира навлезените турски војници во Ирак

Шефот на комисијата за безбедност и одбрана на ирачкиот парламент Хаким ал-Замили испратил денеска писмо до премиерот на земјата Хајдер ал-Абад.

Во документот се препорачува да се испратат бомбардери кон позициите на турските војници кои навлегле на територијата на Ирак, јавува РИА "Новости".

Претходно Ирак упати и своја нота кон Анкара, во која изрази протест во врска со пренесените турски војници  на нејзина територија .

Според турските власти, нема влез на војници, а само 130 претставници на специјалците се упатиле кон подрачјето на градот Мосул, каде што ќе учествуваат во обуката на ирачките Курди.

Слично

Поврзани вести