Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тензии во Црното море, Русија испратила борбен авион

Тензии во Црното море, Русија испратила борбен авион

Руски воен авион му излегол пресрет на американски овен брод кој дејствувал „агресивно“ во Црното море, известуваат руските медиуми, но Пентагон демантирал било какво невообичаено однесување.

Руската агенција РИА Новости известила во саботата, повикувајќи се на неименуван извор од руските сили за безбедности на Крим, дека американски разорувач „УСС Рос“ се движи по должината на границата на руските територијални води, напредувајќи во нивна насока.

„Екипажот на бродот изгледаше провокативно и агресивно, што ги загрижи операторите на станиците за мониторинг и бродовите на Црноморската флота“, рекол неименуван извор за руската агенција.  „Борбениот авион СУ-24 на американскиот екипаж му демонстрираше спремност брзо да спречи повреда на границите и да ги одбрани интересите на земјата“, додал изворот.

Портпаролката на Пентагон Илејн Лејнез изјавила дека разорувачот „УСС Рос“ „цело време бил во меѓународните води, вршејќи рутински операции“.

„Американската морнарица дејствува рутински во Црно Море, во согласност со меѓународното право“, рекла Лејнез и додала дека јавноста е известена за присуството на нивниот разорувач во Црно Море.

Руското Министерство за одбрана не било веднаш достапно за коментар, наведе Ројтерс.

Овој инцидент е најнов во серијата средби меѓу руската и западните војски, додека тензиите продолжуваат да растат поради кризата во Украина и анексијата на Крим кон Русија минатата година.

Во почетокот на месецов Велика Британија и Шведска објавија дека испратиле авиони за пресретнат руски бомбардери во близина на нивната територија.

Минатиот месец САД најавија дека ќе поднесат жалба до Русија, откако руски борбен авион СУ-27 пресретнал американски извиднички авион РЦ-135У на „небезбеден и непрофесионален начин“ во меѓународниот воздушен простор над Балтичко Море.

Слично

Поврзани вести