ТЕНЗИИ ВО ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ: Иран им се закани на американските бродови
Иран порача дека ќе бидат потопени американските бродови кои ќе им се заканат на нивните бродови.
Oва предупредување го упати генералот Хосеин Салами, командант на елитната иранска Револуционерна гарада.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека ѝ издал упатство на воената морнарица на САД да ги уништи иранските пловила кои ќе ги попречуваат американските.
Трамп објави дека ѝ дал упатство на американската морнарица да пука врз иранските бродови кои ги попречуваат на морето.
Сепак, подоцна Трамп појасни дека не ги менува воените правила на дејствување.
Американската армија минатата среда објави дека 11 пловила на иранската Револуционерна гарда неколкупати им се приближиле на американските воени бродови во меѓународните води на Персискиот залив.Во некои случаи тоа било само на 9 метри растојание, објави командата на морнарицата на САД.
Односите меѓу САД и Иран се заострија оваа година, по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.
