Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕНЗИИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Либан лансираше ракети, a Израел одговори на нападот

ТЕНЗИИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Либан лансираше ракети, a Израел одговори на нападот

Либан лансираше ракети, a Израел одговори на нападот. 

Две ракети лансирани од Либан рано утринава го алармираа северен Израел. Една од ракетите била соборена со противвоздушна одбрана, а втората паднала во ненаселено место. Израелската војска одговорила на нападот со артилериски оган, пренесува Ројтерс. Нема повредени, ниту е причинета материјална штета. 

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц изјави дека Либан е одговорен за ракетниот напад и додаде дека „Израел ќе дејствува против каква било закана кон неговиот суверенитет и своите граѓани“.

Претходно, 11 дена имаше воен конфликт меѓу израелската армија и палестинското движење Хамас.  Либан е погоден од економска криза. 

Слично

Поврзани вести