Тензии меѓу Србија и САД
Смртта на двајцата српски државјани во Либија ги заостри односите меѓу САД и Србија.
Пентагон го оспори тврдењето дека двајцата заробени службеници на српската амбасада во Либија се убиени во американските воздупни напади над објектите во Исламската држава.
Портпаролот на американското министерство за одбрана, Џеф Дејвис изјави дека севкупната анализа од логорот на Исламската држава и фотографиите од телата, на спрските државјани, не покажале докази дека се убиени во ударите на САД.
„Според обдукцијата спроведена од нашите лекари, немаме сомнеж како тие луѓе настрадале. Кога имате 12 рани на телото истовремено добиени, недвосмислено од експлозија, тогаш тие (Пентагон) мора да ни покажат каков било доказ кој би нѐ вовлекол во каква било друга приказна“, изјави Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања за соопштението на Пентагон.
Од друга страна пак, српскиот премиер Александар Вучиќ вели дека обдукцијата покажала дека српските службеници настрадале од детонација и дека не биле измачувани.
Тој побара од Пентагон да го докажи спротивното.
„Очигледно е дека повредите настапиле истовремено, но, нека ни дадат тие сателитски снимки, нека ни покажат и дадат доказ за тврдењата“, истакна српскиот премиер Вучиќ.
Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ беа заробени во ноември минатата година, а загинаја пред неколку дена во близина на базите на Исламската држава во Либија, кои ги бомбардираа САД.
